По неволите во животот на Карлеуша, конечно среќни вести (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

По сите скандали и трагедии што ги обележија изминативе месеци во животот на Јелена Карлеуша, популарната пејачка конечно може да здивне, бидејќи има посебна причина за радост. Иако нејзиниот сопруг Душко Тошиќ е во далечната Кина, сигурно се израдувал што може да биде горд на своите ќерки, кои почнаа да нижат успеси.

Имено, Јелена им се пофали на своите следбеници на Инстаграм со фотографија од постарата ќерка Атина, со медал во раката, по освојувањето на првото место во танц.

Српските медиуми пак, во истовреме пишуваат дека Душко Тошиќ реши да се разведе од Јелена Карлеуша, а како што дознава Ало, за куќата од 2,5 милиони евра, која ја купи, како и за 350.000 евра, кои во моментов ги има на сметка, спортистот нема да се бори и има намера да им ги остави на Јелена и децата.

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ поднел барање за развод од Јелена Карлеуша, пишува „Ало“. Тој, според порталот, не сака да ѝ ја прости аферата со Огњен Врањеш, ниту пак да го дели своето богатство со неа. Душко, наводно веќе контактирал со адвокат и сака да го забрза процесот на развод. Тој ја избркал Јелена од Кина, но, како што пишуваат српските медиуми, таа не сакала да си оди оттаму.

Како што тврди извор близок на Тошиќ, фудбалерот ќе даде се од себе разводот да помине што побезболно, како за него, така и за децата, поради што и не размислува да се бори за семејната недвижност која неодамна и ја купи на Карлеуша.

Порталот се повикува на близок пријател и соиграч на Душко, кој открил дека неколку часа откако се појавиле пораките меѓу Јелена и Огњен, Тошиќ побарал контакт од добар адвокат за разводи.

Куќата чинеше 2,5 милиони евра и тој планира неа да и им ја остави на ќерките и Јелена, бидејќи сака да бидат на сигурно. Освен огромната куќа, Душко на сметка има повеќе од 350.000 евра, што е многу помалку од 4,5 милиони евра, кои ги заработи во Турција.

„Кога почна целата приказна за Јелена со Огњен, сите ние што добро го познаваме Душко му рековме дека се ќе помине, ако не се појават докази. Откако беа објавени слики, снимки и пораки и цела Србија ја виде неговата жена со друго момче, тој веќе не можеше да издржи.

Најтешко му беше кога беа објавени пораките каде таа на љубовникот му кажува дека Душко ѝ е како брат и го опишува до детали. Е тука Душко пукна“, рекол изворот за „Ало“.

Ни Душко ни Јелена за сега не ја потврдиле веста за разводот.

Бидејќи по неколку месеци ќе легнат поголем дел од милионите од Кина, Душко планира ова што сега го има на сметка да и го остави на Јелена и децата – вели извор близок до Душко, кој додал дека фудбалерот ќе се погрижи ќерките Атина и Ника да бидат доживотно осигурени.

Душко би проголтал се, но не може да помине преку стравот дека некој ќе ги навредува неговите деца поради порно аферта на неговата сопруга.

Не може да се помири со тоа дека неговите деца ќе бидат обележани во училиште и дека аферата на Јелена им го прекинала нормалното детство. Поради тоа многу повеќе ќе се труди да им го олесни животот и барем од неговата страна се да биде како што треба. Не знам дали некогаш му било потешко од сега – заклучува изворот за Ало.