Бали Бег и Неџла го покажаа синчето на Инстаграм (ФОТО)

|

Популарната турска двојка, Бурак Озчивит и неговата сопруга Фахрие Евџен, станаа родители. Фехрие, или позната по улогата на Неџла, се породила во саботата во 13:30 часот. Тежок 3.670 грама, а долг 52 сантиметри, синот го доби името Каран.

Бали Бег присуствувал на породувањето и не можел да ги сокрие солзите, пишуваат медиумите.

Актерката се породи порано од предвидениот термин кој бил на 20 април.

Актерите на својот син му направија профил на „Инстаграм“ уште пред да се роди, како што кажаа, за да не се создаваат лажни профили откако ќе се роди. Тогаш неродениот Каран веднаш доби повеќе од 100 илјади следачи.

Каран доби и своја сметка во банка, уште пред да дојде на овој свет.

Турскиот актер Бурак Озчивит пред некое време присуствуваше на театарска претстава, а таму го дочекаа голем број новинари. Актерот одговараше на прашања за името на своето неродено бебе, а меѓудругото го прашаа и дали уште пред раѓање навистина му отвориле профил на Инстаграм.

Бурак прокоментира дека во слободно време се труди да посетува повеќе претстави. На прашањето дали во иснина ќе се проба во театар, Бурак одговара:

„Моментално не сум сигурен, но зошто да не во иднина“

Кога прашањата преминаа на неговиот нероден син, Каран, актерот не сакаше да продолжи да зборува.

На парашањето чија е одлуката името на синот да биде Каран, тој одговара:

„Заедно одлучивме“.

Кога новинарите продолжија со прашањето за Инстграм прфилот на неродениот син, Бурак одлучно го прекина интервјуто и си замина, пресува порталот „Турски глумци“.