Се запали Катедралата Нотр Дам во Париз

|

Катедралата Нотр Дам, едно од обележјата на Париз, ја зафати пожар, потврдија градските власти. Од пожарот падна врвот на главната кула. Заменик-градоначалникот на Париз Емануел Грегоар рече дека има „колосална штета“ откако потврди дека паднал врвот. Тој кажа дека врвот паднал навнатре и дека работниците се борат да ги „спасат сите уметнички дела што може да се спасат.

Засега не е позната причината на пожарот, но се верува дека има врска со процесот на нејзино реновирање, вредно 6 милиони евра. Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат густ чад над 850 години старата катедрала. Полицијата изјави дека засега нема податоци за евентуални жртви.

Весникот „Монд“ објави дека пожарот избувнал во поткровјето, по што се проширил на големи делови од покривот.

Претседателот Емануел Макрон го одложи најавениот говор поради пожарот во Париз, и се упатил на местот на настанот.

Градоначалничката Ан Идалго ги предупреди граѓаните да се движат на безбедна оддалеченост од катедралата.