Пожарот што вчера се прошири од таванот на катедралата Нотр Дам предизвика неговата шпицеста кула да се урне и го уништи историскиот споменик на Париз.
Пожарот почна околу 18.50 часот.
„Не бев далеку, го видов чадот. Отпрвин мислев дека е Хотел Дие (болница), но потоа сфатив дека е катедралата. Кога пристигнав, пепелта почна да паѓа“, вели Оливие Де Шалу, главен волонтерски водич на катедралата.
Причината за пожарот не беше веднаш позната. Тој се прошири од таванот и брзо премина на голем дел од покривот.
Пламенот ја проголта дрвената конструкција на покривот, која е долга повеќе од 100 метри и има прекар „шумата“.
Обвинителите веруваат дека пожарот почнал случајно, врз основа на нивната прелиминарна истрага.
Тие подоцна рекоа дека исклучиле дека пожарот е подметнат и дека не веруваат дека е поврзан со тероризам, но отворена е истрага за случајно уништување од пожар.
Иследниците беа фокусирани на тоа дали пожарот се проширил од местото на тековните реконструкции на покривот на катедралата, соопшти извор близок до истрагата.
Градежните работници синоќа беа испитувани од иследниците, соопшти одделот.
Огнот „под контрола“
Пожарникарите рано утрово објавија дека пожарот е „целосно под контрола“ и е „делумно изгаснат“. Сè уште горат само „остатоци од пожарот“.
Утрово околу 1 часот тие објавија дека структурата на катедралата е „спасена и зачувана“.
Од моментот кога пожарот беше забележан, почна голема итна операција за да се изгаси пожарот.
Четиристотини пожарникари со 18 пожарникарски црева, од кои некои поставени на кранови десетици метри од земјата, се бореа да го изгасат огнот што е можно побрзо.
Сепак, немаше употреба на водени бомби, како што предложи американскиот претседател Доналд Трамп: „Ако го сториме тоа, може да се урне целата структура на катедралата“, објави Твитер на француската служба за цивилна безбедност.
Степенот на штетата
Околу 21.50 часот шпицестата кула на катедралата – една од најпознатите знаменитости во Париз на височина од 93 метри – се распадна.
Во рок од неколку часа, голем дел од покривот стана пепел.
Степенот на штетата во катедралата сè уште не беше познат до околу 23 часот.
„Пожарот зафати две третини од покривот, кои се распаднаа, како и шпицестата кула“, изјави шефот на пожарната бригада во Париз, Жан-Клод Гале, додавајќи дека операцијата е фокусирана на зачувување на задниот дел на катедралата, каде што се наоѓаат најзначајните дела.
Светата круна од трње и света туника што ја носел францускиот крал Луј од 13 век, два незаменливи артефакти, се спасени, рекол ректорот на катедралата Патрик Шове.
„Години работа“
За реставрирањето на зградата ќе бидат потребни „години работа“, рече новоизбраниот претседател на Епископската конференција на Франција, Ерик де Мулин-Бофор.
Како одговор на „повеќе барања“ Фондацијата Наследство денеска ќе отвори „национална колекција“ за реконструкција на Нотр Дам.
Ноќва, семејството Пино, едно од најбогатите во Франција, вети 100 милиони евра за Нотр Дам, а утрово францускиот магнат Бернар Арно од ЛВМХ рече дека ќе даде 200 милиони евра.
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ќе се работи „на национално ниво“ и дека „далеку од нашите граници, ќе апелираме до најголемите таленти… кои ќе придонесат и ние ќе ја обновиме“.