Сопругот на Селма Хајек ќе даде 100 милиони евра за обнова на Нотр Дам

ИЗВОРСкопје24
|

Францускиот милијардерот Франсоа-Анри Пино соопшти дека неговото семејство ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на катедралата.

-Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр-Дам, напиша Пино во соопштението до медиумите.

Пино е прв човек на компанијата Керинг, која е сопственик на познати брендови Гучи и Сен Лорен и претседателот на компанијата која ја поседува познатата аукциска куќа Кристис.

Неговата сопруга е позната актерка Селма Хајек.

Катедралата Нотр Дам во Париз е уништена од огромниот пожар што го уништи ова вековното обележје.

Пожарникарите се обидуваа да го изгаснат огнот, кој според полицијата започнал одеднаш и бил предизвикан од извршувањето градежни работи на една од најпознатите катедрали во светот.

Пламените јазици избија од покривот на катедралата, едно од најпознатите светски знаменитости брзо ја зафатија црковната кула која се урна.

Портпаролот на француската црква изјави дека внатрешноста на катедралата која била направена од дрвени материјали и изградена во 12 век веројатно е целосно уништена.