Од страна на Царинската управа само во текот на 2018 година спречени биле 40 обиди за шверц на цигари при што цариниците откриле 345 042 парчиња цигари и други тутунски производи. Шверцот на тутунски производи е најчест и штетите од истиот се најголеми, а предмет на шверц подеднакво се и тутунски производи но и режан тутун.
Штетите од шверцот во ден се зголемуваат пропорционално како се зголемува и обемот на шверцот, со оглед на фактот дека Царинската управа редовно запленува шверцувана роба, но не е познато колку поминало. Единствениот индикатор за тоа е зголемувањето и зајакнувањето на црниот пазар на тутунски производи. А штетите се далекусежни и неброени, почнувајќи од намалувањето на приходите во буџетот од акцизите и ДДВ-то, според некои проценки државата губи повеќе од 18 милиони евра годишно. Последователно на тоа е намалување на обемот на работа на тутунските компании затоа што пазарот се намалува, а поврзано со тоа трпат и тутунопроизводителите заради намелените засадени количини. А шверцуваниот тутун и тутунските производи е под радарот не секоја анализа за чистина и исправност, така што купувачите на знаат што користат. Според анализи на царинската управа концентрациите на катран во шверцуваните цигари и режан тутун биле дури за 4 пати поголеми од дозволеното според прописите усогласени и со директива на ЕУ.
И покрај сите обиди да се спречи нелегалната трговија, шверцерите и понатаму успеваат шверцуваниот тутун да го донесат на пазарите. Но, зошто тутунот и тутунските производи се најчест предмет на недозволена трговија.
Лесен е и дозволува трансфер на големи количини, не е компактен така што може да се сокрие на различни места. Начините на криење и прикривање стануваат сè посложени, поинвентивни и пософистицирани. Шверцерите постојано наоѓаат нови и нови начини како да го пренесат незабележано. Сето тоа се следи, но секогаш се чекор понапред со нивната „креативност“ во нелегален трансфер и изнаоѓање нови начини за да се сокрие. Во специјално конструирани бункери во резервоарите за гориво, во вреќи со ориз, во скриени прегради од багажот, во резервната гума под патосницата и слично.
Недоволно контрола на пазарите и лесно се продава а некогаш воопшто не стига на пазар, односно се продава од дома со телефонски нарачки или претходно договорена сума и цена.
Граѓаните, несвесни за огромните штети ја користат можноста, што за сметка на неплатените акцизни трошоци и ДДВ шверцуваниот тутун е поевтин и го купуваат по пониска цена. Истовремено не знаат дека со секое купување тутунски производ кој стигнал до нив по нелегален пат, учествуваат во синџирот на предизвикување штети од огромни размери и несвесно го поддржуваат.