Најпознатиот пророк во светската историја, Ностардамус, пред точно 500 години напишал во своите списи за пожарот што ќе се случи во катедралата Нотр Дам во Париз.
Наводно од неговите стихови јасно е дека жителите во Франција и Италија (земја во која се наоѓа Ватикан) ќе бидат најмногу емоционално погодени, а овој настан, според наводите и толкувањата на споменатата поезија, е вовед во она што тој вели „враќањето на злото кое ќе се појави во второто столетие“.
Еден од зборовите кои проевладува во спосоте на Ностадрамус е „Емоција“ и се поклопува со она што Емануел Макрон го споменал на својот твитер-профил кога го опишал она што се случувало со катедралата.
„Нотр Дам е во пламен. Катололиците, сите Французи, како и сите граѓани сме тажни што гори дел од нас“, напишал Макрон.
Пожарот во катедралата за кој пренесоа сите светски медиуми, според првите претпоставки, настанал поради лоши градежни изведби при нејзината реставрација.
Во пожарот се сруши структурата на главната кула. На крај околу 500 француски пожарникари успеале да ја стават ситуацијата со пожарот под контрола.