Сопругата на Милошевиќ зад себе оставила тестамент – во него се сите политички тајни на Милошевиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Мирјана Марковиќ, водвицата на некогашениот претседател на Југославија Слободан Милошевиќ, по своето заминување оставила некаков вид на тестамент, а тие записи во моментов се во рацете на нејзиниот адвокат.

Како што се дознава од семејните пријатели на Милошевиќ дел од документацијата треба да биде преточен во третиот том мемоари „Таков го знам“, додека дел се однесува на имотот и начинот на неговата распределба после заминувањето на Мира.

Посебно може да бидат интересни белешките кои претставуваат своевиден политички тестамент, во кој таа пишувала за луѓето од нејзиното и опкружувањето на Слободан, за тоа кој ги издал, кој имал корист и во 90-те заработил милиони марки, а сосема е можно и каде да се дознае и каде тие пари завршиле. Сосема е сигурно, поради тие пари, „трепери“ цела Србија.

Марковиќ засекогаш го напушти овој свет на 77-годишна возраст во Москва во неделата поради воспаление на белите дробови. Таа престојуваше во Русија која и даде азил во 2010 година, бидејќи беше во бегство од судските органи на Србија, кои за неа распишаа потерница во рамки на истрагата за злоупотреба при распределбата на државните станови во 2000 година.