По прогалсувањето на епидемија од морбили во цела држава министерот за здравство денеска изјави дека невакцинираните деца освен во градинка нема да се примат ни во училиште.
Иако според законот за основно образование е задолжително Филипче рече дека нема да има законски измени и се повика на искуство на уставниот суд за задолжително вакцинирање против заразни болести.
Засега министерството нема нови мерки за сузбивање на епидемијата, но министерот тврди дека будно ја следат состојбата.
До петок сите центри за јавно здравје ќе бидат снабдени со дополнителни МРП вакцини, а со повеќе информации ќе излезат подоцна.
Светот е „во сред криза на мали сипаници” алармираат од СЗО и УНИЦЕФ. На цела територија на Македонија е прогласена епидемија од мали сипинаци. Светската здравствена организација соопшти дека бројот на заболени ширум светот во првите три месеци од 2019 година се зголемил четирипати во однос на истиот период лани.
СЗО наведува дека епидемии се забележани во сите делови на светот, а најдраматичен раст има во Африка – повеќе од 700 отсто.
Украина, Мадагаскар и Индија се земјите во кои се најраспространети малите сипаници, а епидемии ги погодија и Бразил, Пакистан и Јемен, а има зголемување на бројот на случаи во земји каде што бројот на вакцинирани е висок, вклучувајќи ги САД и Тајланд.
Обединетите нации објавија дека болеста „целосно може да се спречи” со вистинска вакцина, но глобална покриеност на првата фаза на имунизација „застанала“ на 85 отсто, и „се уште не е достигнато нивото од 95 отсто вакцинирани, што е потребно за да се спречи појава на епидемии”.
Официјални лица во Њујорк и предградието Рокленд најавија казни за болните кои излегуваат надвор и тоа 2.000 долари на ден. Проблемот е екстремен во еврејски населби, кои се борат и со тужби за обидот на воведување задолжителна вакцинација.