Поранешниот Мис на Македонија, моделот Емилија Розман, ќе биде дел од новиот видеоспот на „ДНК“ за песната „Ромео и Јулија“. За потребите на видеото, таа потполно гола е легната на расфрлани банкноти.
Како ќе изгледа тоа, манекенката сподели и на својот профил на „Инстаграм“.
Розман, на 23-годишна возраст додека уште беше студентка, ја претставуваше Македонија на изборот за Мис на светот во 2015 година што се одржа во Саниа, на кинескиот остров Хајнан.