Легендарниот пејач на народната музика Шабан Шаулиќ животот го загуби во тешка сообраќајна несреќа, а ниту после два месеци бурата околу овој немил настан никако да запре. Неговата вдовица, Гордана Шаулиќ го посетила нивниот кум, Слободан Боби Стојадиновиќ, кој несреќниот ден беше во возилото со Шабан и неговиот клавијатурист, Мирсад Кериќ, кој исто така го изгуби животот.
Стојадиновиќ во моментов е во болница во Виена, а првата средба со Гордана после несреќата била исклучително тешка. Вдовицата на Шаулиќ не можела да се смири кога го видела Слободан во постела, а како што истакнува самиот тој повторно минува низ истата тага, низ која поминала кога ја добила веста за несреќата на Шабан.
Слободан открил и дека со кумата се нема чуено два месеци, затоа што знаел дека неговиот повик ќе и падне тешко на Гордана.
„Се немавме слушнато околу два месеци, и се јавував само на Санела. Таа машки ги поднесуваше сите наши разговори поради мене, иако чувствував дека ќе пукне од болка, затоа со Гоца не смеев да се слушам. Таа секој ден ме бараше, а јас не и кревав, не и пишував, не знаев што да и кажам. Меѓутоа, во саботата дојде во Виена и кога ме виде почна да плаче на цел глас“, открил Боби кој се уште е скршен од болка и тага исто како и Гоца поради заминувањето на Шабан.
После само еден месец откако засекогаш замина легендарниот пејач Шабан Шаулиќ, неговата вдовица Гордана Шаулиќ доби решение за пензијата која ќе ја прима во иднина, а која ја наследи сопруг.
Како што дознава српски „ВИП“ од извор близок до семејството, Шаулиќ неколку децении плаќал придонеси во Австрија врз основа на што неговата сопруга ќе добива пензија од 3.600 евра месечно.
„Шабан повеќе од 30 години плаќаше данок во Австрија поради што стекна австриска пензија. За жал, не стаса да ужива во неа затоа што прерано замина, но затоа неа ја наследи Гоца“, рекол извор близок до семејството и додал дека тој износ не може да се спореди со примањата кои ги имал Шабан додека настапувал.
„Шабан месечно заработуваше хонорари со кои ретко кој пејач може да се пофали, а така беше буквално од почетокот на неговата кариера. Беше еден од омилените пејачи на ромските веселби, а за неколку часа пеење на свадбите добиваше хонорар и до 15 илјади евра“, завршил изворот.