Аделина Тахири ја крена маичката и го покажа голото стомаче: Пејачката се пофали колку килограми ослабела

ИЗВОРСкопје24
|

Во август претходната година пејачката Аделина Тахири се реализира во една од најубавите улоги – мајка.

Имено, таа и нејзиниот сопруг станаа родители на своето прво дете, синчето Џон.

Отогаш пејачка е посветена на својот син и секој момент го користи да го поминува со него и сопругот.

Бидејќи се породи во август претходната година, Тахири како и многу жени по породувањето се соочи со вишок на килограми, што и е нормално.

Меѓутоа, пејачката одлучила овој „проблем“ да го реши и да ја врати својата витка фигура.

Додека некои се одлучуваат вишокот на килогрмаи да го отстранат со фитнес тренинзи, пешачање,возење велосипед…Аделина тоа го направи со третмани за слабеење.

Имено, пејачката на „Инстаграм стори“ објави фотографија на која ја крена маичката и го покажа голото стомаче, а под маичката може да се види нејзината витка линија.

Во објавата се пофали дека ослабела 9 килограми.