Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид,Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес (18.4.2019 година) во 13 часот и 3 минути регистрирше слаб земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 140 km југоисточно од Скопјe и потекнува од гевгелиското епицентрално подрачје.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2,1, а беше почувствуван од населението во Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Силен земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер денеска го стресе и Тајван
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во тајванскиот град Хуалиен, но засега нема информации за евентуални жртви.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 18 километри.
Тајван се наоѓа на спој на две тектонски плочи, поради што се чести земјотресите.
Според очевидците земјотресот бил почувствуван и во главниот град на Тајван, Тајпеј.
Повеќе од сто луѓе го загубиа животот во земјотресот во 2016 година, а во 1999 година при земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтер над 2.000 лице.