Едно од најпознатите јадења од италијанската кујна се шпагетите.
Сигурно сите ја оставате водата да зоврие па ги додавате шпагетите, а некои пак додаваат и сол впо водата.
Сепак ова според Италијанците е погрешно и постои полесна и побрза постапка.
Треба да користите тава, да ги додадете шпагетите, а потоа да ја сипете водата и таа мора да биде ладна.
Ладната вода спрецува шпагетите да се залепат.
Водата во која сте ги вареле тестенините ја истурате во садопер? Не правете го веќе тоа!
Најчесто откако ќе ги свариме шпагетите, макароните или лазањите ја фрламе зовриената вода во лавабото. Но, врвните мајстори на кујната велат дека тоа е голема грешка.
Тие оваа вода ја нарекуваат ” златна течност” и ја чуваат за правење на различни видови сосови. Водата во која сте ја готвеле тестенината ќе ги згусне сосовите и ќе им даде специфичен вкус. Затоа, следниот пат не ја фрлајте течноста, а ако не ја искористите веднаш, замрзнете ја за да ви се најде кога ќе подготвувате сос.