Ги отстранува сите флеки, а можете да го направите сами за минута

ИЗВОРСкопје24
|

Овој домашен препарат отстранува дамки од различно потекло и може да се врсти со најскапите средства со иста цел.

Она што е најважно е дека средството се прави без никаква хемија, која често предизвикува алергиски реакции на кожата.

За подготовка на домашниот отстранувач на дамки ќе ви бидат потребни само три состојки: вода, сода бикарбона и хидроген 3%.

Состојки: 1 чаша врела (зовриена) вода; пола чаша сода бикарбона; пола чаша хидроген 3%

Подготовка: Сода бикарбоната прелијте ја со заовриената вода. Почекајте да се олади и содата да се раствори, па додадете го хидрогенот. Измешајте ги добро состојките и претурете ги во распрскувач.

Вашиот отстранувач на дамки е готов!

Употреба: Добро испрскајте ги дамките на сува облека и оставете средството да делува околу 5 минути. Уште подобро е дамките да ги изрибате со сува четка за заби која ќе ја потопите во отстранувачот.

Ако дамките се стари и тврдокорни, оставете и исперете 2-3 пати.

(Продолжете со вообичаено перење на облеката, машински или рачно)