Не чека топол мај, со можност за нестабилност, следуваат топлотни бранови

ИЗВОРСкопје24
|

Месец мај оваа година треба да биде малку потопол за разлика од изминатата година што значи дека може да очекуваме продори на топли воздушни бранови од северните предели на Африка кој ќе условат летни температури на воздухот (над 30 степени), пишува Славчо Поповски.

Меѓутоа треба да очекуваме и повремени дестабилизирање на атмосферата, односно развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, електрични празнења и локална појава на град што значи дека процесите повремено и локално ќе бидат застапени и во форма на невреме.

Секако и во месец мај повремено може да очекуваме посвежи продори од север, инаку во претходните најави информираме дека веќе уште во текот на следната недела нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која ќе услови значително повисоки температури на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачат над 20 степени додека во најтоплите делови од државава очекуваме истите да се искачат дури до близу 30 степени. Да напоменеме дека атмосферата и понатаму нема да биде во целост стабилна па така може да очекуваме локална нестабилност и локални врнежи.

Kaкво време нè очекува викендот?

Времето претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево со мала облачност. Од пладне облачноста ќе се зголемива и особено на југозапад ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од минус два до осум, а дневната од 10 до 21 степен.

Во Скопје претежно сончево со мала облачност. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до минус еден степен.