Стартуваа аудициите за талент шоуто „Ѕвезда број 1“

ИЗВОРСкопје24
|

Минатиот викенд започна музичкото талент шоу „Ѕвезда Број 1“, кое по иницијатива и идеја на пејачката Елена Петреска, заедно со Пеце Стојкоски, директорот на „Мел Фест“, е одлично освежување на нашата музичка сцена.

Први градови каде се оддржаа аудиции беа Гевгелија, Струмица, Штип и Кавадарци.

Овој викенд се најавени аудииции во Охрид, 12.00 часот и Битола, 18.00 часот , кои ќе се одржат утре ( сабота ) и во Прилеп, 12.00 часот и Тетово, 17.00 часот ( недела ).

Жирито има тројца стандардни членови кои ќе ги оценуваат кандидатите, а тоа се: Елена Петреска, Жаре Бербер и Бане Поповиќ, кој воедно е и продуцент на ова шоу.

Сите актуелности и информации поврзани со аудиите може да ги следите на официјалната фан страна на социјалната мрежа „Фејсбук“ – „Ѕвезда број 1“.

Има многу талентирани млади пејачи и пејачки кои ќе можете да ги видите во емитувањето на ова шоу секој работен ден во 17:30 часот на 1ТВ.

Во продолжение ви споделуваме и видео кое ќе ве расположи, но и неколку фотографии од тоа како поминаа првите аудиции: