Душко веќе не го следи профилот на Инстаграм на сопругата Јелена Карлеуша?!

ИЗВОРСкопје24
|

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ на социјалната мрежа Инстаграм веќе не ја следи својата популарната сопруга, пејачката Јелена Карлеуша.

Фудбалерот на кинескиот Гванжу ја отпратил сопругата Јелена од популарната социјална мрежа, профилот на Карлеуша веќе не се наоѓа на листата на профили чија активност фудбалерот ги следи.

Популарната Џеј Кеј неколку часа откако сопругот Душко ја „избриша“ од својот Инстаграм го врати ударот и го стори истото.

Денеска, Тошиќ на Инстаграм објави фотографија со својата сестра Катарина , која според многумина е една од најважните личности во неговиот живот.

По аферата на неговата сопруга Јелена Карлеуша со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш, медиумите започнаа да шпекулираат дека Душко Тошиќ веќе ги поднел документите за развод, што популарната пејачка го демантираше. Но, Јелена и Душко последен пат се видени заедно на 6 март годинава на погребот на мајката на Јелена, Дивна Карлеуша.

Имено познатиот српски портал „Ало“ пред извесно време излезе со информација дека парот веќе е на прагот на развод. Тој, според порталот, не сака да ѝ ја прости аферата со Огњен Врањеш, ниту пак да го дели своето богатство со неа. Душко, наводно веќе контактирал со адвокат и сака да го забрза процесот на развод. Тој ја избркал Јелена од Кина, но, како што пишуваат српските медиуми, таа не сакала да си оди оттаму.

Како што тврди извор близок на Тошиќ, фудбалерот ќе даде се од себе разводот да помине што побезболно, како за него, така и за децата, поради што и не размислува да се бори за семејната недвижност која неодамна и ја купи на Карлеуша.

Порталот се повикува на близок пријател и соиграч на Душко, кој открил дека неколку часа откако се појавиле пораките меѓу Јелена и Огњен, Тошиќ побарал контакт од добар адвокат за разводи.

Куќата чинеше 2,5 милиони евра и тој планира неа да и им ја остави на ќерките и Јелена, бидејќи сака да бидат на сигурно. Освен огромната куќа, Душко на сметка има повеќе од 350.000 евра, што е многу помалку од 4,5 милиони евра, кои ги заработи во Турција.