Како родителите ги воспитуваат своите деца во Данска ?

ИЗВОРСкопје24
|

Во Данска родителите им помагаат на децата во учењето само кога тоа има е навистина нужно и потребно.

– Претерувањето во контролата на животото на детето не е добредојдено.

– Данците не ги запишуваат своите деца во 10 дриги активности надвор од училиштето,како кај нас ,на спорт, музика, јазици и тоа по два за дете да знае пред роднини на слава, карате….Данците повеќе сакаат нивните деца да си играат.

– Данците не им наметнуваат на своите деца да знаат се од првиот ден. Не им е важно да знаат да пишуваат и да читаат од првиот ден кога ќе појдат на училиште.

– во основно училиште наставата се завршува најдоцна до 14 часот, а децата после тоа може да си поседат без обврски и да си играат.

– Данците им раскажуваат на своите деца приказни кои немаат среќен крај, затоа што од сите тие приказни може да научат многу.

– Данците не се расфрлаат со дијагнози на децата, како што се Аспрегов синдром, депресија, дислексија…

– Данците ги учат своите деца да не се бават многу со негативните случки, а повеќе да се фокусираат на позитивните нешта.

– Данците не го наметнуваат своето мислење на децата.

– Данците ги учат своите деца да го пронајдата кај човекот секогаш она најдоброто.

–Емпатијата и учење како да бидеш сочуствителен е обврзен уште во градинка.Тие тврдат дека емпатијата им е пишана во гените и таа треба да се развива од првиот ден. Таа не е луксуз туку потреба.

– Данците не се претерано заштитнички расположени кон своите деца и не ги завршуваат нивните обврски.

– Данците ги учат од најмала возраст своите деца дека е најважна тимската работа, заедништвото и помагањето на другте околу себе да се развива како вештина.

– Данците ги учат децата дека не е важно што другите мислат за нив.

– Данците се цврсти во навиките кога станува збор за дружењето со семејството и пријателите, заедничкииот оброк или дружењето во природа.