Без разлика како ви изгледа, боењето велигденски јајца со восок не е воопшто комплициран метод на украсување јајца, а ви дава можност да ја искажете вашата креативност.
Што ви треба: обично пенкало, кутија чепкалки за заби, бои во кесички, луковина или зеленчук и зачини со кои ќе ги фарбате јајцата, голема дебела свеќа и јајца.
Постапка:
На обично пенкало набодете чепкалка за заби, тоа ќе ви биде алатката за боење јајца. Запалете свеќа, нека се разгори добро и околу фитиљот нека се насобере растопен восок. Потопете ја чепкалката во стопениот восок, потоа ставете ја на пламен и брз приближете ја до јајцето и почнете со цртање.
Ќе ви треба малку вежбање додека да стекнете сигурност и јасно движење. Доколку слојот е претенок, уште еднаш нанесете восок. Додека цртате, задолжително потопувајте ја чепкалката со восок во пламен, тоа е многу важно за постапката!
Потопете го исцртаното јајце во боите што сте ги приготвиле. Превртувајте го јајцето за да се обои рамномерно. Извадете го јајцето од бојата, избришете го со салвета и приближете го директно на пламенот од свеќата.
Внимавајте на прстите! Восокот ќе почне да капе, па веднаш бришете го со салвета.