За прв пат го покажа прстенот: Викторија Лоба ќе се мажи

ИЗВОРСкопје24
|

Викторија Лоба ќе се мажи, објави естрадниот магазин Бекстејџ, а пред нивната камера таа за прв пат го покажала вереничкиот прстен.

Повеќе за нејзината свадба тие најавуваат во вечерашното издание на Бекстејџ. Инаку таа е во долгогодишна врска со скопскиот бизнисмен Ѓорѓи Калешов.

Пред извесно време Викторија беше во САД. Локацијата ја откри – Mајами, придружбата исто така – пејачката беше таму со истиот човек со кој е и дома во Скопје, со љубовта со која го дели животниот престој или заедничкото живеалиште, ама целта на патувањето остана енигма: работа или чисто прошетка заради задоволство?

Но, она што осамна во вид на најнови фотографии на нејзиниот Инстаграм профил ја става јавноста не само во дилема, туку и во недоумица: Да не е се работи за нешто сосема трето?

Имено, Лоба се појави на фотографиите со невестински мини букет и веренички прстен на рака!

Патем, покрај една од од фотографиите е прикачен и нејзиниот пост, во кој има многу симболика, а вели: „На пат кон рајот“!

Тогаш, логично е да се запрашаме дали целта на патувањето во Мајами на Викторија Лоба и нејзиното момче не е токму „пат кон рајот“? Оној, животниот, се разбира!

Но, веднаш потоа, се појави и кусо видео на кое Лоба ја откри причината за покажувањето на вереничкиот прстен и не само него, на својата рака!

Имено, се работи само за рекламна кампања на една позната јувелирница за злато, златен накит и скапоцени камења… во која пејачката е главниот лик!

Сепак ова беше само поттик таа да застане на лудиот камен. Предвидувањата се исполнија.