Ќерката на кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ кој трагично загина во сообраќајна несреќа пред два месеца во Германија донесе голема одлука по неговата смрт.
Имено таа цврсто верува дека преку песна полесно ќе се справи со прерано починатиот татко кој до последниот ден од својот живот пееше.
Шабан од секогаш и говореше на неа дека таа како пејачка треба да биде професионалец и дека нејзината работа е да ги забавува другите дури и кога не и е до забава, вели изворот за српски „Ало“.
Изворот додава дека постојат големи шанси Илда набрзо да влезе во студио и да сними песна посветена на својот татко.
Таа пред неколку дена зборуваше и за татковиот тестамен за кој се појавија доста шпекулации во српските медиуми.
Во последните денови се појавија гласини дека синот на пејачот Роберт Омаљев има докази кои ќе ги покаже на суд и со истите ќе ја побие волјата на Шабан и дека вдовицата на Шаулиќ нема да може да го спречи тоа.
„По заминувањето на татко ми не им се јавувам на новинарите и не давам интервјуа. Не знам за што пишуваат. Каков тестамент, се уште не е во постапка. Не сакам да коментирам ништо“, рече Илда за српски Пинк.рс.
На крајот од минатиот месец Роберт изјави за локалните медиуми дека долго време размислувал што треба да направи во врска со оваа ситуација.
„Сите ми кажуваат дека имам право на сопственост, односно дека нема разлика меѓу другите деца на Шабан и мене“, рече Роберт во таа прилика.