Да не постоеше Жаре требаше да се измисли (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Овој месец почнаа да се снимаат аудициите за новото шоу кое оди на 1ТВ, “Sвезда Бр.1”, и веќе го зазем местото на омилено тв шоу на многумина. Идејата на Томато продукција, која го организира, е преку пријавување на талентирани кандидати да се дојде до одред број имиња кои ќе се натрпреваруваат, а еден од нив ќе стане Sвезда Бр.1.

Се чини најдобриот потег кој го направи продукцијата е изборот на нашиот познат пејач и шоумен Жаре Бербер за водител на ова шоу. Но, карактерот на Жаре не се фокусира само на водење на емисијата.

Тој ги анимира кандидатите, им помага, пее и игра со нив. Со еден збор, може да се каже дека Жаре го носи самиот ова шоу. Секако, тука е шармантната актерка Нина Деан и веќе докажаниот, Бане Томато. Но Жаре како познат шоумен повторно го гледаме во полн сјај, а за тоа доказ е интересната анегдота која ни ја раскажаа жителите на Кавадаречкото село Криволак:

“Си одев по улица, кога пред мене гледам познат лик. Не ми се веруваше дека во нашето село дошол познатиот Жаре Бербер со неговата колешка Нина. Тие си беа застанати со колата и на сред улица прикаснуваа од тегла со слатко.

Жаре не глумеше ѕвезда туку веднаш почна да разговара со мене како да ми е другар. Таква харизма не сум видел. Одеднаш се собраа и други жители, мои соселани и еден од селово му го даде тракторот на Жаре. Не ми се веруваше дека знае да вози трактор. Ја качи Нина и така го снимија делот кој деновиве постојано се врти на телевизија.

Ма да не постоеше, овој човек требаше да биде измислен!”, ни раскажа жител на Криволак.