Душко Тошиќ неодамна поднел барање за развод и се потешко ја поднесува ситуацијата дека неговата сопруга Јелена Карлеуша не го прифаќа фактот дека фудбалерот сака развод од пејачката.
Душко кој е подготвен да и остави вила од 2 милиони евра и да плаќа алиментација за децата во последно време како што пишуваат српските медиуми буквално ја моли Јелена да ги потпише документите за развод.
-И пред да замине мајката на Јелена, Душко на сите начини се обидуваше да ја убеди Јелена дека разводот е единствено решение особено што е јавно посрамотен поради нејзината афера со Огнен Врањеш. Тој разговараше и со нејзината тетка и блиски пријатели за да ја убедат пејачката, но таа залудно ја отежнува работата. На Душко му е тешко и во моментов се наоѓа во безизлезна ситуација, вели извор за српски „ВИП“ магазин.
Јелена Карлеуша деновиве одмара и се релаксира во Истанбул од каде сподели неколку фотографии на Инстаграм.
Поп ѕвездата Јелена преку социјалните мрежи упати порака во која вели „На човековото зло, омраза и завист одамна одговарам со тишина!“ – напиша таа.
Инаку, српскиот фудбалер Душко Тошиќ, на социјалната мрежа Инстаграм веќе не ја следи својата популарната сопруга, пејачката Јелена Карлеуша.
Фудбалерот на кинескиот Гванжу ја отпратил сопругата Јелена од популарната социјална мрежа, профилот на Карлеуша веќе не се наоѓа на листата на профили чија активност фудбалерот ги следи.
Популарната Џеј Кеј неколку часа откако сопругот Душко ја „избриша“ од својот Инстаграм го врати ударот и го стори истото.