Пристигнувањето на Дорија Регланд во Лондон, мајката на војвотката од Сасекс, предизвика нов бран на коментари – дали таа пристигнала бидејќи е бебето веќе родено?
Ненадејното доаѓање на 62-годишната Дорија многумина го протолкувале како потврда за раѓањето на кралското бебе. Во секој случај, тоа е знак дека Меган Маркл би можела да се породи секој момент, со оглед на тоа дека веќе е пишувано дека Дорија Регланд секако изразила желба дека ќе присуствува на породувањето на славната војвотка.
Британските медиуми известуваат дека мајката на Маркл ангажирала шетач на кучиња да се грижи за нејзините миленици додека е таа во Лондон, а ги откажала и часовите по јога.
Инаку, војводата и војвотката од Сасекс неодамна рекоа дека нивното новороденче нема да го покажуваат на светот веднаш по излегувањето од болницата, како што е случај во кралското семејство. 37-годишната Меган и три години помладиот Хари сакаат приватна веселба во чест на бебенцето, порачувајќи дека прво самите тие сакаат да се запознаат со бебето пред да го покажат на светот.
Бебето на принцот Хари и Меган Маркл влезе во историјата
Детето на Меган Маркл и принцот Хари ќе влезе во историјата поради неколку причини, а една од нив е и тоа дека новиот британски кралски наследник, официјално, ќе биде бебе кое припаѓа на две раси.
Имено, таткото на Маркл е белец, а нејзината мајка е Афроамериканка. Иако во 19 век се претпоставувало дека кралицата Шарлот имала африканско потекло, тој случај никогаш не беше официјално потврден, за разлика од актуелниот.
Натаму, бебето ќе биде првото дете во кралското семејство со право на американско државјанство, со оглед на тоа што Меган Маркл сè уште е американска државјанка. Во случај да не се откаже од американското државјанство, таа ќе продолжи да плаќа даноци во САД, а истото го чека и нејзиниот син или ќерка.
Новороденчето ќе биде седмо во редот за круната, но нема веднаш да стане принц т.е. принцеза. Најверојатно, ако е момче, тоа ќе ја носи титулата гроф од Думбартон, а ако е девојче, ќе ја добие титулата лејди. Титулата војвода од Сасекс ќе го наследи само првото машко дете на принцот Хари, што значи дека титулата ќе исчезне ако Меган и Хари немаат синови.
Детето ќе порасне во резиденцијата Фрогмор котаџ, каде што ниедно кралско дете не израснало со векови.