Дали би му ја дале својата платежна картичка со пин кодот на некој бездомник? Најголемиот дел најверојатно нема, но сепак овој Британец не размислува така!
Сето тоа го документирал со снимка, на која се гледа младиот човек како седи во градината на едно кафуле навечер.
Му се доближува човек со брада во тенирки и после краток разговор, младото момче му покажува дека сè е во ред.
Според коментарите на Фејсбук, бездомникот Кевин му дава парче хартија и го изговара зборот „потврда“.
Момчето ја зема потврдата, а брадестиот човек му покажува банкнота од 20 фунти и потоа се ракуваат.
Видеото е објавено вчера и веќе има 115.000 прегледи. Во описот е наведено дека гостинот му ја дал на бездомникот платежната картичка со пинот и му рекол да земе пари за себе.
Видеото погледнете го ТУКА.
Бездомник признал дека има стан и дизајнирана облека, но кога треба да проси на улица тој прави целосна трансформација
Поранешниот војник Ед Стафорд 60 дена живеел на улица со цел да ги истражува бездомниците, а за тоа снимил и документарна серија под името “60 дена на улица”.
Помеѓу останато, тој интервјуирал бездомник кој му се претставил како Дерик и кој му признал дека има сопствен стан во Глазгов, дека носи чизми вредни 200 фунти и јакна вредна 250 фунти.
Дерик му го покажал на Стафорд своето вообичаено место за просење, а во таа прилика бил толку различно облечен така што едвај го препознал, пренесува Дејли Меил.
“Се облекувам многу полошо кога одам да просам од она што инаку го носам. Луѓето нема да ти дадат пари ако си облечен во скапа облека. И така е многу тешко да се извлечат пари од луѓето па мора да изгледаш како скитник”, објаснил тој.
Покрај во Глазгов, Стафорд разговарал и со лажните бездомници во Лондон, а тие му откриле дека заработуваат и по 600 фунти на ден.
Стафорд бил изненаден од фактот што се здебелил пет килограми додека живеел на улица, бидејќи луѓето постојано му купувале храна, но сепак заработил само 200 фунти на ден.
“Бев шокиран со количината на храна која ја добивав. Мислев дека многу ќе ослабам и дека ќе ми биде тешко да преживеам, но се сретнав со многу луѓе кои сакаа да ми помогнат. Во Глазгов дури еден бездомник ми рече дека му даваат толку многу храна што се прејадува”, рекол Стафорд.