Ова никој не го очекуваше по отследувањето на Инстаграм- одлуката на Карлеуша и Душко ги остави фановите во неверување

ИЗВОРСкопје24
|

Само три дена траеше шпекулацијата околу бракот на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша откако во медиумите одекна веста дека тие се разведуваат.

Се започна откако медиумите открија дека фудбалерот и пејачката не се следат меѓусебно на социјалната мрежа Инстаграм.

Ниту Јелена ниту пат Душко не се огласуваа за овие шпекулации, а по само неколку дена тие повторно се заследија на Инстаграм што алудира на фактот дека можеби тие не се разведуваат или пак тоа го прават само поради медиумите.

Инаку шпекулациите започнаа да се шират со брзина на светлината уште неодамна откако во јануари годинава медиумите открија скандал помеѓу Карлеуша и фудбалерот Огнен Врањеш.