46-годишниот Британец Иан Патинсон, татко на три деца кој патувал до своето работно место по пет часа дневно, изградил царство од 2,8 милиони фунти во текот на времето поминато во воз.
Неговиот пат од домот во Лоубороу, Лечестершер до Лондон и назад траел пет часа. Тоа значи дека не ги гледал своите деца во текот на неделите и неговиот брак страдал. Патинсон секој ден станувал во 5:15 часот за да патува до Лондон, каде работел како советник за сигурност и се враќал дома во 21 часот.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=297207317392196&set=a.124368098009453&type=3
Британецот одлучил да го искористи своето патување од еден во друг град и почнал да ги користи часовите во возот, проучувајќи како да стане инвеститор за недвижности и истражувајќи го пазарот и продажбата на домови.
Освен што слушал подкасти и читал книги, Патинсон исто така прегледувал и понуди за домови за да проба да заработи дополнителни пари. Најпрвин пробал на повеќе начини како купување на недвижности, а потоа нивно експресно продавање за да добие некаков профит. Во тоа време се соочувал со закана од отказ и развиен дијабетес.
“Немав воопшто време, а за викендите само се обидував да се наспијам и закрепнам”, изјавил тој за “Daily Mail”. Иан сфатил дека компанијата во која работи се соочува со проблем на вишок работници и дека неговата работа не е сигурна.
“Без оглед на тоа колку заработувате, штом тоа престане, немате на што да се ослоните. Морав да најдам нешто друго на кое можам да се ослонам”, додал Иан и нагласил дека прекумерното седење и невежбањето биле главните причини за појавата на дијабетес.
Најпосле започнал да посетува курс за инвеститори на недвижности кој го водел мултимилионерот Семјуел Лидс кој, како што тврди, му ги дал сите потребни совети за успешна кариера. Денес, Патинсон има работа вредна речиси 3 милиони фунти, а тој и неговата сопруга се откажале од нивните работи бидејќи тој потфат се покажал многу профитабилен. Сега може да поминува повеќе време со своето семејство и да ѝ се посвети на новата кариера.
Gepostet von Ian Pattison am Sonntag, 14. August 2016
“Сега имам време да појадувам со децата, да завршувам други обврски со сопругата во текот на денот, да вежбам во теретана кога ќе посакам и да ја посетувам мојата мајка во текот на неделата”, заклучил Британецот.