Кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова во интервју за „Репортер“ кажа веќе се подготвува за Велигденските празници. Таа откри дека во населбата Влае сите жени од нејзината фамилија со години екипно вапцаат јајца, па ќе се потруди така да биде и овој пат.
Гордана призна дека е поборник на алтернативната медицина и дека не памети од кога нема конзумирано било какво апче, односно дека не се лечи на таков начин и го практикува здравиот начин на исхрана и живот.
Во интервјуто откри дека секогаш била одлична ученичка, но бунтовна и страствен танцувач на ронерол во тогашните познати дискотеки.
„Јас бев одлична ученичка, со сите петки. Носев мини, ама ептен мини. И секогаш сакав да се дружам со слаби ученици, затоа што тие ми беа предизвик“, раскажува Сиљановска-Давкова, од чии тестови на час препишувал и Златко Калински.
Се вљубила во средно во „бунтовникот“ Благоја, кој денес ѝ е сопруг, па заради него не отишла во САД. Силјановска зборуваше и за своето детство, начинот на воспитување на децата, дали има пороци и за своите најблиски пријатели. Погледнете го нејзиното интервју: