Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 12 степени, а дневната температура од 21 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната температура до 27 степени.
Денешниот ден пак ќе биде најтопол кога максималните дневни температури, додека пак УВ индексот ќе има висока вредност и ќе има коефициент 7, анализира Славчо Поповски.
Сабота пак ќе биде денот со најголема нестабилност кога на многу места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека пак локално ќе има услови за појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер, појава на град како и значително количество на воден талог. Температурите пак ќе бележат тенденција на незначителен пад.
И понатаму ќе се задржи значителниот транспорт на прашина и песок од Сахара кон нашата држава со што и атмосферата ќе биде многу заматена.