За популарното стори- Инстаграм активираше нова интересна опција која сите ќе ја обожаваат (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Андроид и iOS корисниците на апликацијата Инстаграм отсега имаат можност да користат нова опција „Quiz“ во склоп на Инстаграм стори опцијата.

„Quiz“ е можност за поставувае прашања и однапред дефинирање одговор, од кој гласачот бира еден. На крајот е можно да се видат резултатите на квизот, а најдолго до 24 часа, колку што траае Инстаграм стори објавата.

Како Инстаграм Квиз опцијата се користи и како изгледа погледнете во официјалната објава на Инстаграм на мрежата Твитер.

https://twitter.com/instagram/status/1120734135058722816?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120734135058722816&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmagazin%2Fzanimlivosti%2Fza-popularnoto-stori-instagram-aktivirashe-nova-opcija-za-site-video%2F

Претходно, минатата недела се појави шпекулацијата дека Инстаграм тестира промени кои ја вклучуваат и можноста самата централа да ги скрие „лајковите“ од вашата публика.

Сè повеќе изгледа дека причината заради која луѓето објавуваат слики на социјалните мрежи се лајковите.

Тоа всушност е начин да добијат потврда од другите, а популарноста се оценува според бројот на лајкови кој што одредениот пост ги добил.

Сепак тоа би била една контроверзна одлука, заради големиот број на инфлуенсери на социјалните мрежи што се основаат според бројот на лајковите за да покажат колку се популарни и како можат да ги контролираат цените со кои ги наплаќаат адверториите и слично.

Меѓутоа, Инстаграм има интересна точка на гледање која гласи: „Сакаме вашите следачи да се фокусираат на она што го споделувате, а не на тоа колку лајкови има вашиот пост.“