Околу 18:40 часот во Полициска Станица-Тетово, 76-годишната С.Б. од Тетово пријавила дека околу 16:30 часот додека со нејзиниот 78-годишниот сопруг М.С. седеле во дворот на куќата дошло непознато лице и им понудило дрва за греење по поволна цена.
Откако се договориле за купопродажба, му дале 100 евра капар, а според договореното, лицето требало да ги донесе дрвата, но тоа не го направил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Само овој месец имавме повеќе пријави за исти вакви случаи, меѓу нив беше измамата со дрва направена во Штип, внимавајте од кого купувате дрва.
Како што стои во билтенот на МВР, вчера било пријавено дека М.С.(62) од Штип вчера во 19:20 часот бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, дента околу 11:30 часот во неговиот двор дошло лицето и му понудило да купи огревни дрва по цена од 2.400 денари по кубен метар. М.С. му дал 14.500 денари за дрвата, по што лицето отишло по камионот со дрвата, кој наводно бил во населбата „Баби“ во Штип.
Откако лицето не ги донело дрвата по одреден период, М.С. заклучил дека бил измамен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.