Во првиот дел на мај ќе бидат фаворизирани сите огнени знаци, а пред се Овен, а во втората половина на мај ѕвездите ќе ги поддржуваат земјените знаци, пред се Бикот. Љубовна среќа ќе им се насмее на Близнаците, додека малку нервозни на емотивен план ќе бидат кутрите Вагички и Шкорпии…А вие, во кој знак сте родени? Проверете што ви носат ѕвездите за месец мај 2019.
Овен – Мај ви се насмевнува!
Веќе од втората половина на април, Венера и Меркур се влезени во вашиот знак, носејќи ви убави новости и на сентиментален и на работен план. Убави вести се предвидени и за првата половина на мај, а пријатни изненадувања – се до средината на мај! Всушност, до 15. мај ќе ја имате поддршката од планетите кои ќе овозможат да имате успеси на работа и прекрасен емотивен живот. Втората половина на мај нема да ја имате истата огромна поддршка од ѕвездите, а со неповолен Марс ќе почувствувате замор и пад на енергијата.
Бик – Прекрасен месец!
Драги Бикчиња, подготвени сте за еден прекрасен месец? Мај ти подарува преубави нови изненадувања, особено во вториот дел од месецот. Почнувајќи од 15.ти мај, планетата на љубовта, Венера, ќе биде во конјукција со вашиот знка – ќе имате прекрасни моменти полни со романтика и многу, многу страст. Ова ќе биде навистина незаборавен период на љубовен план! И на деловен план, ќе имате убави вести почнувајќи од 16.ти, кога Меркур, и тој во конјукција со вашиот знак, ќе ви отвори нови деловни можности и ќе ви направи важни средби. Марс е поволен и ќе ви испраќа силна енергија и одлично физчико здравје.
Близнаци – Многу новости
За вас месецот мај ќе биде полн со убави новости, особено во првата половина од месецот до средината, кога ја имате поддршката од планетата на љубовта- Венера и планетата на комуникациите – Меркур. Венера ви ветува емоции и забрзано чукање на срцето, нови љубовни средби, пријатни изненадувања…гарантирани до 15ти мај, додека Меркур ви помага да постигнете успеси на работен план и нови работни договори до 16ти мај. Во вториот дел од месецот нема да има премногу случувања, но се ќе се одвива во најдобар ред. Супер-сила, здравје и енергија ви носи убавата поставеност на Марс се до 16ти мај.
Рак – Трпение, спасение
Драги Ракчиња, во првата половина на мај треба да се вооружате со трпение. Како и во последните недели од април, ќе мора да се соочите со неповолната поставеност на Венера и Меркур, кои ве ставија на тест – и вашата врска и вашата работа. Не грижете се, музиката ќе се смени веќе од 16-ти мај кога планетите се враќаат на ваша страна. Внимавајте до 15ти да не предизвикувате кавги на работното место, ниту пак во врската, зашто на „климави нозе“ сте. Марс пак, ќе биде во конјукција со вашиот знак гарантирајќи ви супер здравје и психофизичка сила.
Лав – Месец среќен до половина
За вас месец мај ќе биде поделен на два дела – прв дел до средината на месецот кој ќе биде исклучително позитивен и вториот дел – во кој нема да недостигаат недоразбирања и пречки на сите полиња. До 15ти мај Венера, Меркур и Марс се на ваша страна, а потоа одеднаш ќе ви го завртат грбот создавајќи ви лошо расположение и кризи во љубовниот живот. Многу врски ќе бидат ставени на тест – дали ќе опстанат или пак, ќе мора да се прекинат. И на работно место не потпишувајте штетни договори од втората половина на мај.
Девица – Се подобро!
Драги Девици, првиот дел од месецот ќе биде карактеристичен по неповолната поставеност на Марс што значи и пад на енергијата, но внимавајте и на настинки. Одговорите кои ги очекувате пристигнуваат околу 15ти мај. Почнувајќи од овој датум, подобрувањето на сите полиња е гарантирано! И Венера и Марс ќе заземат позитивна поставеност за вашиот знак, носејќи ви бројни убави новости на работа и на емотивен план. Ќе почувствувате и повеќе енергија и многу подобро здравје.
Вага – Издржете до средина на мај
Веќе од крајот на април работите за вас тргнаа низбрдо. За жал, овој негативен период, предизвикан од опозициите на Меркур и на Венера, ќе трае се до средината на мај. Веќе од 16ти мај може да очекувате обновување на енергијата и активирање на работите – почекајте го овој датум и ќе видите дека за се има решение! Марс ќе ви подари сила и енергија за да ги надминете пречките, иако кон крајот на месецот треба да внимавате од настинки и малку да забавите – да се „фрлите„ на спорт или да земете одмор.
Шкорпија – На тест…
Драги Шкорпии, мај ќе започне добро за вашиот знак, но за жал, нема да заврши на ист начин. Се до 15. мај ќе имате мирен период, без некои посебни промени на сите полиња, но од втората половина на мај ќе мора да се борите со опозицијата на Меркур и на Венера кои ќе ве стават на голем тест. Но не плашете се, вашата врска е доволна цврста и ќе успеете со партнерот да ја пребродите кризата. И на работно место, покрај бројните пречки, некако ќе успевате полека но сигурно да ги надминувате. Тука е со вас Марс, кој ќе ви даде огромна енергија и добро здравје за работите да ги истуркате до крај, а нервозите да ги оставате зад себе.
Стрелец – Месец на признанија
За вас мај ќе биде месец на големи потврди и признанија. Меркур ќе ве фаворизира се до средината на мај, гарантирајќи ви успех на работен план, а со вас ќе биде и Јупитер што значи дека ќе се позлати се што ќе допрете! Сега е време да ги преземете сите акции за да напредувате, не двоумете се. И Венера ќе биде на ваша страна се до 15.мај, осамените Стрелци ќе имаат можности за нови интересни средби, додека оние кои се во врска ќе уживаат во заедничките мигови. Единствен негативен аспект е оној на Марс кој ќе трае до 16ти мај , кој може да ви донесе пад на енергијата и мрзливост.
Јарец – Силни сте!
Веќе од последните недели на Април се борите со неповолните Венера и Меркур кои закочија добар дел од вашите проекти и на емотивен и на деловен план. За жал, оваа неповолна позиција на двете планети ќе продолжи и во првата половина на мај. Позитивната стране е што од 15.мај може да очекувате големо враќање на енергијата. Вториот дел од мај за вас ќе биде како препородување – нови идеи, нови контакти, нови прилики. Очекувајте сепак, нервози и стрес, предизвикани од опозицијата на Марс. Но не плашете се, сега сте многу силни!
Водолија – Сметајте на Меркур
Месцот почнува „на големо“ за вашиот знак, уште од крајот на април може да сметате на поддршката на Венера на емотивен план која ќе ви подари убави емоции. Венера ќе биде на ваша страна се до 15.ти мај, а потоа ќе ви го заврте грбот што значи можни се тензии и несогласувања во врските. И на работен план се фаворизира првиот дел од месецот – искористете го за потпишување нови договори или за започнување нови прокети. Не грижете се, Меркур ќе ви помогне да дојдете до важните контакти кои ви требаат! Марс е позитивен и целиот месец ќе ви носи многу енергија и добро здравје.
Риби – Големо обновување на енергијата
Првиот дел на мај за вас ќе биде малку тежок поради неповолниот Марс, ќе чувствувате пад на енергијата и замор, но ќе бидете и обесхрабрени за да ги туркате проектите. Но не грижете се, лошиот период е веќе зад вас, и сега следува период на враќање на енергијата и убави вести! Почнувајќи од 15.мај, ѕвездите се враќаат да ви се насмевнат – на ваша страна пак ќе застанат Венера, Меркур и Марс, па новости нема да ви недостигаат, а и емоции ќе добивате од сите страни. Пријатни изненадувања кон крајот на мај ве чекаат на сите полиња, и што повеќе би посакувале од овој убав месец мај?