На сателитските снимки од Антарктикот, пред околу една и пол година, било забележано нешто необично: на средината на масивниот арктички мраз забележана била дупка широка илјадници километри.
Научниците биле прилично збунети од оваа глетка која не е видена, барем во тие размери, од 70-тите години од минатиот век.
Сепак, сега се уверени дека знаат зошто настанала оваа дупка.
Ледената дупка, наречена и полонија, најверојатно настанала по силниот циклон кој од средината на септември 2017-та се формиралa над Веделовото море.
Тоа е важна информација во времето на климатски промени, бидејќи растечките температури може да ја изменат јачината и фреквенцијата на поларните циклони и така да влијаат на споменатите дупки и океаните.
Кога дупката во мразот за прв пат била забележана кон средината на септември, зафатила околу 9,5 илјади километри квадратни, за до средината на октомври да се прошири на 80.000 квадратни километри. Со доаѓањето на летото, односно отопувањето на мразот на Јужното море, се споила со отворениот океан.
Отворот се наоѓал непосредно над огромната подводна висорамнина Мод Рајз, каде слични отвори во антарктичкиот океански мраз биле забележани на сателтиски снимки од 70-тите години.
Another giant hole mystery bites the dust. https://t.co/BWV23j85Dc
— Maddie Stone (@themadstone) April 26, 2019
Ова веројатно не е случајност. Авторот на претходното истражување, Дејвид Холанд од Истражувачкиот институт при Универзитетот Њујорк во Абу Даби, објаснил дека топлата, густа, солена вода, која обично се задржува во близина на морското дно, потиснува кон површината. Доколку наиде на голема олуја, доаѓа до мешање на таа топла вода со постудена, свежа вода на површината на Веделовото море.