Од бездомник до светска слава – Животната приказна на Ед Ширан

ИЗВОРСкопје24
|

Британскиот музичар, Ед Ширан (27) е вистински доказ за тоа како човек од незавидна финансиска ситуација, може да стане милионер. Тој денес е најплатената музичка ѕвезда на светот. Во текот на минатата година, заработил приход од неверојатни 30.753.000 евра, а според пресметките, дневно заработува 85.000 евра.

Имено, Ширан викендот објавил финансиски извештаи во кои се гледа дека неговиот годишен приход изнесува 41.338.422 евра, при што нето профитот изнесува 30.753.000 евра. Тоа што може да се види од извештаите е и тоа дека музичарот Ширан, во Обединетото Кралство платил дури 6.029.210 евра.

Ширан во својата книга со јавноста сподели дека едно време бил бездомник и спиел пред Бакингемската палата.

„Немав каде да живеам во најголемиот дел од 2008 и низ 2009-та и 2010-та, но некако се снајдов. Знаев каде можам да најдам кревет во одредено време, а исто така знаев кому треба да му се јавам за да можам да преспијам на неговиот под. Тоа што бев друштвена личност ми беше од помош. А и пиењето помогна“ – пишува Ширан.

Во најголемиот дел од времето, Ширан преспивал кај луѓе што ги знае. Сепак тој вели дека минал неколку ноќи спиејќи пред Бакингемската палата. Тоа го инспирирало да ја напише песната Homeless. Но, Ширан се врати во голем стил во Бакингемската палата каде настапи пред кралицата Елизабета во 2012-та.