Внимавајте за Први мај: Ќе „фрчат“ казни од 200 евра!

ИЗВОРСкопје24
|

Се апелира за првомајските празници да не се пали оган на отворен простор и да не се фрла отпад во излетничките места како што се Парк – шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и друго.

Ќе се преземаат мерки и активности за превентивно дејствување, екипи ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини.

Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.

Потсетуваме и на временската состојба која ќе ја имаме утре, па доколку сепак се одлучите за скара на отворено внимавајте на дождот кој се најавува за утрешниот ден.

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе се движи од четири до 10 степени, а максималната од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од осум до 20 степени.

Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст.

Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат во деновите од викендот.