Доколку не знаете кој е Џеф Безос, тогаш само ќе ви кажеме дека тој е сопственик и основач на компанијата Амазон и дека е моментално најбогатиот човек на планетата.
Безос поседува неверојатно богатство кое со секоја минута станува се поголемо и поголемо. Многумина сакаат да бидат богати и да го пронајдат клучот за успех во животот, а токму поради тоа Џеф секојдневно добива огромен број прашања на оваа тема.
Милијардерот не коментира во јавноста за тоа како треба да изгледаат вашите бизнис планови или што е добра, а што лоша идеја, туку на своите обожаватели им ги открива своите секојдневни навики и како протекува еден негов вообичаен ден.
1. Секое утро се буди природно, без аларм, бидејќи сака да го остави своето тело да одмори онолку колку што му е потребно.
2. Штом стане, тој консумира здрав појадок заедно со својата сопруга и децата. Се труди да има разновидна исхрана и внесува многу овошје и зеленчук.
3. Никогаш не закажува утрински состаноци бидејќи сака утрото да го поминува во друштво на своето семејство.
4. Безос ги закажува своите состаноци околу пладне и се труди тие да не бидат во преголем број во текот на денот.
5. По состанокот заминува на ручек каде обично пробува нови гурмански работи бидејќи сака да експериментира со храната. Тој еднаш бил забележан од страна на колегите како јаде печена игуана.
6. Во периодот по 17 часот, своето време го користи за одмор со пријателите и семејството и тоа го прави во природен и релаксирачки амбиент.
7. По краткиот одмор, Џеф заминува во теретаната каде тренира бидејќи смета дека во здравото тело лежи здрав дух.
8. По тренингот, Безос заминува дома каде го искористува остатокот од денот во релаксација, а потоа си легнува рано бидејќи вели дека мора да има минимум 8 часа сон.
Приказната за Џеф Безос, основачот на Амазон, е уште една во низата примери за неверојатниот успех на интернетот. Неговото богатсво се проценува на 23 милијарди долари.
Џеф Безос е роден како Џефри Престон Јоргенсен во Албакерки. Неговите предци биле доселеници кои некогаш живееле во Тексас, каде што со генерации се стекнале со 25.000 хектари ранч во Котули.
Неговиот дедо по мајка е познат како регионален директор на американската комисија за атомска енергија. Тој рано заминал во пензија, па така Џеф, заедно со него на ранчот поминувал поголем дел од летото, каде како дете покажал големи механички способности.
Бракот на неговите родители не траел долго, а кога Џеф имал само пет години, неговата мајка повторно се венчала, овој пат за Мигел Безос, кој од Куба емигрирал во САД.
Тогаш неговото семејство се преселило во Хјустон, каде гаражата на своите родители ја пренаменил во лабораторија со бројни научни проекти. Сепак семејството долго не се задржалo во Тексас. Тие набргу се преселиле на Флорида, каде Џеф го завршил средното училиште, а меѓу останатото и обуката за ученици заинтересирани за наука на Универзитетот во Флорида.
Тој потоа заминал на познатиот Универзитет Престон, каде планирал да студира физика, но сепак се вратил на својата љубов, компјутерите и во 1986-та година дипломирал електротехника и компјутерска наука, како првенец во својата генерација.
По студиите започнал да работи како информатичар на Вол Стрит, прво во Фител, а потоа во Банкерс Траст, но и во компанијата Д.Е. Шоу. Таму ја запознал и својата сопруга Мекензи, па во 1990-та година бил именуван за потпретседател.
И покрај успешната кариера во еден од најголемите хеџ-фондови, во 1994 година Џеф Безос одлучил да поднесе оставка и да основа својата интернет компанија.
Безос всушност открил дека употребата на интернет има годишен пораст од 2.300 проценти и токму во тоа го видел својот иден работен потенцијал.
Размислувал како традиционалниот вид на работа би можел поефикасно и побрзо да се изврши онлајн, а одговорот го пронајдол токму во формата на онлајн-книжарници.
Работата ја започнал во својата гаража, по исцрпното тестирање на бета верзијата на Амазон, во 1995-та година излегол на пазарот. Веќе во првиот месец, без никакво рекламирање Амазон продавал книги ширум САД, но и во 45 странски држави во вредност од 20.000 долари.
На инвеститорите на почетокот им велел дека компанијата има 70 проценти шанси за неуспех, а поголемиот дел од нив биле членови на неговото семејство, кои до крајот на деценијата биле потешки за неколку милијарди долари.
Скептиците се сомневале во онлајн-книжарницата и предвидувале дека ќе има само краткотраен успех, но Амазон веќе 1998-та ја прошири продажбата со ЦД-а, филмови, облека, играчки и електронска опрема.
Додека голем број на интернет компании не успеаа по првичниот бум, Амазон од 510.000 долари промет 1995-та година, дојде до 17 милијарди промет во 2011 година.