Под влијание на нов циклон кој ќе го носи името АЛЕН во текот на викендот кој ни доаѓа ќе го зафати балканот но и Македонија и ќе услови врнежи од дожд, локални грмежи како и локално позначително количество на воден талог. На планинските места ширум балканот ќе има и снежни врнежи каде ќе дојде дури и до формирање на снежна покривка, информира Славчо Попоски.
Одсега гледано овој постуден воздух кај нас ќе пристигне на самиот почеток од следната недела и ќе услови позначително заладување како и врнежи од снег на повисоките места и на планините но и засилен ветер од северен правец. Доколку токму оваа ситуација остане вака и не се промени следната недела нашата држава и балканот ќе го зафатат ниски минуски утрински температури кога ќе има услови и за појава на мраз кој и тоа како лошо ќе влијае врз земјоделите и земјоделските кутури.
Ситуацијата околу студениот бран континуирано ќе ја следиме и за се навремено ќе бидете информирани од наша страна, најнови информации околу ова следуваат наскоро.
Половина метар снег во Хрватска
Среде пролет, во северен Велебит, Хрватска, падна половина метар снег.
„Повторно падна снег“, соопшти Националниот парк Северен Велебит на својот профил на „Фејсбук“ споделувајќи неколку фотографии.
Од почетокот на седмицата забележана е нагла промена на времето со заладување и снег на планините.
Снег падна и во Завижан, Платaк и Учкa.
Во неделата снег покри и делови од Словенија, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот.