Познатата македонска пејачка Маја Саздановска, пред пет години доживеа семејна несреќа, кога го изгуби нејзиниот сопруг Саша.
Еден нивен пријател со фотографија од нивната свадба, емотивно се присети на Саша.
– Нему на некое место во Космосот, Саше му беше потребен- напиша тој.
– Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката, изјави Маја Саздановска за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Саздановска го изгуби животниот партнер Саша само девет месеци по раѓањето на нивната ќерка.
– Се трудам деновите воопшто да не ми наликуваат еден на друг. Обврската со работата е своевидна константна матрица, но тоа не ме спречува да бидам креативна остатокот од денот. Дел од плановите ми се поврзани со ќерката. Со Срна возиме велосипед, боиме и сечеме, другаруваме со најблиските и пријателите. Но, има и денови кои едноставно целосно се поминуваат во лежечка состојба (се смее)- изјави Маја за Женски Магазин.
– Срна беше многу мала кога почина маж ми, но секој ден прашува за него. Зборуваме и се потсетуваме заеднички на тато. За разлика од другите деца, поради тоа што се случи созреа предвреме, многу е итра,снаодлива и личи на него. Тука се и бабите и дедовците да ѝ ги раскажат приказните за тато од неговото детство и младост. Не дозволуваме споменот да згасне – искрено раскажа пејачката, која со години работи како организатор во Македонската опера и балет- додаде таа.