Хана наполни 3 години: Од тета Тијана ја доби најубавата порака

ИЗВОРСкопје24
|

Малата Хана, ќерката на пејачката Тамара Тодевска и поранешниот кошаркар Александар, вчера наполни три години. Целото внимание во семејството беше насочено кон неа, а особено она на тета Тијана.

Имено, пејачката Тијана Дапчевиќ објави фотографии од малата Хана, а истите ги збогати со емотивна роденденска порака, во која на својата внука и посака да биде здрава, жива, насмеана уште 105 години. Оваа фотографии за кратко време си добија многу лајкови, но и коментари во кои следбениците на Тијана и го честитаа роденденот на малата Хана.

Инаку, Тамара за неколку недели ќе ја претставува Македонија на најголемиот избор за песна на Евровизија со песната „Proud“, а која изјави дека својот евровизиски настап ќе ѝ го посвети на својата ќерка Хана.

– На 16 мај ќе пеам за мојата ќерка. Ќе пеам за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата. На 16 мај ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека „се гордеам со себе“ секогаш е посилно од нивното „никогаш нема да бидеш доволно добар/а“! Запаметете, секогаш ќе бидете доволно добри – порачува таа.