Александра Пријовиќ неодамна се породи и на свет го донесе синот Александар, а сега во едно телевизиско гостување откри детали од својот приватен живот.
Имено, пејачката во јавноста често и се обраќаат со Прија, а таа сега призна дека тој прекар и пречи.
„Морам да признаам дека тоа Прија многу ме нервира, причината не ја знам, но многу ме нервира. Можат како сакаат да ме викаат, само не така“, низ насмевка прокоментирала пејачката.
Призна и дека отсекогаш сакала да биде млада мајка
„Јас отсекогаш сум зборувала дека сакам да станам млада мајка од проста причина што јас и мојата мајка сега функционираме како другарки. Сакав од таа причина, мајчинството да се случи што порано, но не очекував дека ќе биде баш толку брзо“, изјавила Александра.
За време на бременоста качи некој килограм плус
„За време на бременоста не внимамав и јадев повеќе, но знаев дека ќе се ставам на режим откако ќе се породам. Секоја жена сака да ослабе после породувањето, но тоа не ми е на прво место. Едноставно, преминав на исхрана која е добра за млекото, но и нема многу калории“, рекла пејачката.