Вечерта пред први Мај крадци влегле во скопската зоолошка градина и ја ограбиле.
Штетата која е направена е украден алат и слични предмети.
Грабежот е потврден од зоолошката а полициска екипа направила увид при што наскоро ќе се знаат деталите околу грабежот и точната штета.
Биле украдени алат, косилки, моторни пили, причинета е материјална штета, а крадците се прекачиле преку оградата од кај тениските терени АБЦ.
Чуварот забележал дека магацинот каде се чува алатот бил ограбен и однесен голем дел од алатите.
Крадците, како што велат од Зоолошката градина, не влегле во канцелариите и деловните простории.
По оваа вест во јавноста се јавија и првите реакции а повеќето од нив се зошто и кој има потреба од ваков чин во зоолошката.