Први мај е голем празник за нашето семејство. Секогаш сме го славеле заедно, вели кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, која на „Фејсбук“ ги сподели фотографиите како го поминала вчерашниот празник.
Работата го прави човекот! Трудот треба да се цени и наградува и дома и на работа!
Прославивме во прекрасниот амбиент на винарија „Сопот” со сопругот Баже, ќерка ми Марија и мојот тим. За многу години!