Оваа пекара е хит на Балканот: Вработените земаат 1.700 евра плата

ИЗВОРСкопје24
|

Пекарата Печјак од Словенија стана популарна на Балканот не само поради квалитетот на своите производи туку и поради одлични услови кои им ги нуди на своите вработени.

Нејзиниот бизнис модел е до толку успешен што таа не работи само за домашниот пазар туку и извезува надвор од границите на Словенија. Минатата година на странските пазари продале производи во вредност од дури 4 милиони евра, а оствариле вкупни приходи од продажба во износ од 33 милиони евра.

Се извезува дури и во земји како што се Германија, Шведска и Австрија.

Но, она што е карактеристично за пекарата Печјак е тоа што платите кои ги добиваат вработените таму се многу повисоки од просекот во индустријата и над просечната плата во Словенија – минатата година достигнале до 1.757 евра! Покрај тоа, сопствениците редовно ја делат својата добивка со вработените.

Во нашата индустрија не можеме да дадеме премногу високи плати, но се придржуваме до принципот дека задоволни и квалитетни вработени можат да произведат подобри производи кои би достигнале уште повисока цена, – вели сопственикот на пекарата.

Можело и на Балканот: 400.000 евра бонус за вработените

Плата плус бонуси

Сопствениците на еден црногорски хотел им се заблагодариле на вработените за нивниот придонес во работата давајќи им огромни бонуси. По успешно завршената сезона, вработените биле изненадени кога на сметка им легнале поголема плата и плус дополнителени бонуси.

Одоборот на директори на “Maestral Resrot&Casino” со едногласа одлука го одобрил предлогот на акционерите да им се даде награда од 400.000 евра на вработените. Акционерите на овој начин сакале да покажат дека најважни им се работниците и дека со нивна помош успеале да стигнат до посакуваните финансиски резултати.

Сопствениците и менаџментот покажуваат постојана грижа за вработените и сето тоа се рефлектира во условите за работа, натамошното образовани и обука, како и финансиската поддр