Доколку сакате да истопите килограми, диетата базирана на варени јајца може да биде вистинско решение за вас, особено ако после велигденските празници ви останале вапцани јајца.
Иако на оваа диета е дозволен мал број производи, научно е докажано дека ваквиот режим на исхрана може да го забрза метаболизмот и да согори мрсни наслаги.
Диетата со варени јајца трае 14. дена, а ако стриктно се придржувате до неа, килограмите кои сте ги загубиле повеќе нема да се враќаат.
Со одреденото мени потребно е да пиете доста течности што ќе помогне во исфрлувањето на отровите, а уште подобри резултати ќе имате и ако вежбате,или едноставно пешачите.
Задолжително испочитувајте ги и овие три правила:
– Никако не смеете да јадете брза храна
– Алкохол и засладени пијалоци се забранети
– Внесувањето на сол и шеќер (или замени) сведете го на минимум
Мени за првите 7. дена
Појадокот е ист за сите седум дена и се состои од 2. тврдо варени јајца и половина цитрус (портокал, грејп или цела мандарина)
Понеделник
Ручек: 2 помалечки варени компири и 2 јаболки
Вечера: голема порција салата и парче пилешко
Вторник
Ручек: зелен зеленчук и пилешка салата
Вечера: салата од зеленчук, 1 портокал и 2 варени јајца
Среда
Ручек:нискокалорично сирење, 1 домат и 1 сладок компир (батат – варен)
Вечера: салата по избор и парче пилешко
Четврток
Ручек: овошје по избор
Вечера: салата и пилешко варено на пареа
Петок
Ручек: варен зеленчук и 2 варени јајца
Вечера: салата и чадена риба
Сабота
Ручек: овошје по избор
Велера: пилешко и зеленчук варен на пареа
Недела
Ручек. салата од домати, зеленчук варен на пареа и пилешко
Вечера: зеленчук варен на пареа
Мени за втората недела
Појадокот останува ист како и во првите седум дена: 2 варени јајца и половина цитрус (портокал, грејпфрут, или мандарина)
Понеделник
Ручек: салата и пилешко
Вечера: портокал, салата и две варени јајца
Вторник
Ручек: 2 варени јајца и зеленчук варен на пареа
Вечера: портокал, салата и две варени јајца
Вторник
Ручек: 2 варени јајца и зеленчук варен на пареа
Вечера: салата и риба на скара
Среда
Ручек: салата и пилешко
Вечера: портокал, салата и две варени јајца
Четврток
Ручек: зеленчук варен на пареа, малко посно сирење и 2 варени јајца
Вечера: салата и пилешко
Петок
Ручек: салата со сардини
Вечера: салата и 2 варени јајца
Сабота
Ручек: салата и пилешко
Вечера: овошје по избор
Недела
Ручек: зеленчук варен на пареа и парче пилешко
Вечера: зеленчук варен на пареа и парче пилешко
Оваа диета скоро и не содржи јагленихидрати и тоа е една од причините зошто би требало секому да му успее, пишува Brightside.me.
За секој случај, пред примената на оваа диета консултирајте се со лекар, бидејќи иако нема да бидете гладни станува збор за радикална промена која може да влијае на здравјето.
Извор: Екран.мк