Карлуеша: „Нивните експлицитни фотки не ги објавивте, а мене ми го уништивте животот! Зошто?“

ИЗВОРСкопје24
|

Српската пејачка Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави фотографија на која го спореди вчерашниот скандал на двајца српски спортисти со нејзината афера со фудбалерот Огнен Врањеш.

„Експлицитните приватни фотографии на двајца спортисти не ги објави ниту еден портал, не се појави ниту на една насловна страница. Полицијата ги исклучува лажните налози кои ги шират снимките. Поставувам прашање до целиот Балкан зошто јас пројдов и се уште проаѓам низ повеќе месечен медиумски линч кој не ги попречува ниту 200 тужби ниту пак јасниот закон? Медиумскиот линч без никакви докази кои на мојата мајка и го уништија последниот месец од животот, а на моето семејство му нанесе целосно зло. Зашто?“, прашува Карлеуша преку својот Инстаграм профил.

Инаку, пејачката пред неколку дена се расплака среде снимањето на емисијата „Ѕвездите на гранд“, каде што е дел од жирито.

Јелена ја разнежи настапот на една од кандидатките во шоуто, па заплака и лицето го покри со рацете. Песната најверојатно ја потсети на нејзината мајка Дивна, која замина неодамна, но и на проблемите кои ги има во бракот, пишува „Блиц“.

Наводно, мажот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ поднел документи за равод на нивниот брак, а пејачката сѐ потешко го прифаќа фактот дека бракот им се распаѓа.

Српските медиуми пишуваат дека веќе некое време нивниот брак функционира само на хартија, но Карлеуша под никакви услови не сака да стави крај на 10 годишната љубов. Душко, кој е спремен да ѝ ја остави на Јелена вилата од два и пол милиони евра и да плаќа алиментација за децата, во последно време буквално ги моли нејзините најблиски да ја вразумат и убедат за конечно да ги потпише документите за развод.

Видеото погледнете го ТУКА.