Во сабота поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2019“ дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција.
Како што соопшти ЈСП „Скопје“, туристичката линија „City tour“ нема да сообраќа цел ден. Линиите 25 и 59А нема да сообраќаат во периодот од 8 до 10 часот.
Од 8 до 10 часот, по вообичаената траса ќе сообраќаат 2, 2А, 12 и 19 и сите приградски линии.
Од 7 до 14 часот по вообичаената траса ќе сообраќаат: 2, 2А, 12, 19, 20, 25А, 25Б, 42, 45 и 65В, како и приградските линии 11, 11А, 18, 18А, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 66, 66А, 68, 69, 71, 81, 118.
По изменети траси, користејќи ги околните сообраќајници, ќе сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 5, 7, 8, 9, 15, 15А, 16, 17, 20, 21, 21А, 22, 22А, 23, 24, 27, 28, 50, 45, 52, 53, 55, 62, 63, 63А, 65, 65В, 66, 66А, 68, 69, 18А, 47, 47А, 61, 71, 81, 11, 11А, 18, 32, 56, 56А, 60, 118, 57, 59, 31, 41, 51, 67, 70, 74, 58, 73.
На веб-страницата на ЈСП „Скопје“ www.jsp.com.mk може да се погледнат трасите на линиите што ќе возат изменето од вообичаениот режим.