Тина Мицкоска на својот профил на Фејсбук сподели искуство со питач:
„Вчера одејќи накај маркет забележав забраден човек просјак, кој стоеше во близина и проговори- ќе ве молам некој денар или нешто за јадење. Ајде, ќе му купам нешто, па ќе му донесам да си поразговараме. Малку подоле гледам кученце кое со очињата моли за малку храна. Ајде злато и за тебе ќе купам нешто. Се враќам назад со храна за двајцата, прво одам кај човекот и насмеана му подавам јадење. Тој се намршти… Храна? Каква храна, пари дај ми, мене пари ми требаат. Ама господине вие рековте дека сте гладен, а јас со картичка купував, бар колку можам да помогнам.
– Не ми треба мене храна, еее наместо да ми дадеш пари, ти тука јадење ми даваш. И не го ни јадам ова што си ми го купила и зема го фрли насилнички на земја. Инаку здрав, прав способен за работа и од Скопје дојден до Охрид за празниците да питачи како што дознав подоцна… Додека уште на цел глас луто викаше навреден дека доби храна, наместо пари, се упатив накај кученцето. Почна весело да врти со опавчето, му ставив јадење, веднаш си го изеде и игриво се наведна да го погалам. Сите од околу кои беа сведоци на целата случка искоментираа дека некогаш животните се поблагодарни од луѓето…“
Вчера одејќи накај маркет забележав забраден човек просјак, кој стоеше во близина и проговори- ќе ве молам некој денар…
Gepostet von Tina Mickovska am Mittwoch, 1. Mai 2019