Самохрана мајка на четири деца послужила тројца мажи во ресторан: Кога дошло време за плаќање, останала зачудена

ИЗВОРСкопје24
|

Самохраната мајка на четири деца Триша Марфи од американската сојузна држава Мејн едвај спојува крај со крај.

Покрај тоа што работи во старечки дом и полага испити како би станала професиоална негувателка, дополнително е вработена како келнерка.

„Просечно работам 50 до 60 часа неделно и на курс поминувам уште 18 часа“, вели таа.

Еден викенд и бил посебно стресен бидејќи освен што не стигнала да оди на божиќен шопинг, и се расипал автомобилот и не знаела како ќе пронајде 735 долари за поправка.

Додека во текот на својата смена во ресторанот се мислела што ќе прави, на една маса седнале тројца мажи, а еден ја прашал какви и се плановите за Божиќ.

Им раскажала дека има четири деца кои се веселат за празниците. Кога дошло време за наплата, останала во шок.

Мажите и оставиле 500 долари бакшиш, на сметка од 38 долари, што било дури 15 пати повеќе од износот на сметката.

„Прво мислев дека се работи за грешка, а потоа морав да се борам со солзите. Еден од нив само се насмевна и рече ’Среќен Божиќ, драга’“, раскажала Триша која целата приказна ја споделила на Фејсбук.

„Веќе можев тие пари да ги вложам за поправка на автомобилот, а со останатата заработувачка да купам подароци за децата. Ми го спасија Божиќ. Се уште има добри луѓе на овој свет“, рекла Триша.