Пред концертот во Скопје, Лени Кравиц не престанува да ја истражува нашата метропола.
Откако објави видео како се забавува во Скопје, сега на социјалните мрежи осамнаа фотографии од неговото куче Џоџо, кое е на преглед кај македонски ветеринар.
Легендарниот музичар не патува никаде без својот најдобар пријател, па така Џоџо пристига и во Македонија, но се повредил по калдрмата во скопската чаршија и завршил на преглед кај ветеринар.
Светски познатиот музичар пристигна во нашата земја, два дена порано пред долгонајавуваниот концерт закажан за денеска во ВИП арената „Борис Трајковски“.
Американскиот пејач, автор, актер и продуцент на изненадување на неговите фанови прошета низ Старата скопска чаршија, се фотографираше, делеше автограми, пееше со деца.
-Прекрасен ден поминат со преубави луѓе- напиша тој под видеото од Скопје.
Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration”, LENNY KRAVITZ ќе го посети и Скопје денеска во ВИП Арената.
Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на Lenny Kravitz во indoor амбиент.
За ексклузивноста на скопското шоу доволно говори и фактот што во оваа турнеја не се опфатени градови како што се Белград, Загреб и Атина.
После минатиот албум „Strut” кој што беше навистина извонреден, никој не очекуваше дека Lenny во толку краток период ќе се појави со уште едно толку квалитетно дело, но сепак “Raise Vibration” е на ниво на неговите најдобри албуми досега, а последниот радиски хит “Low” им е веќе добро познат на сите.
Концертите на Lenny Kravitz влегуваат во оние настани што се MUST SEE BEFORE YOU DIE бидејќи претставуваат врв во концертната лајв индустрија.
„American Woman”, „Are You Gonna Go My Way”, „Believe”, „Fly Away”, „Again”, „Let Love Rule”, „Chamber”, се само дел од хитовите кои ќе имаме можност да ги слушнеме во Скопје, во сала со капацитет од 8.000 посетители.